Мелинда Гејтс и Опра имаат две златни правила

104

Мелинда Гејтс, жената на ко-основачот на Бил Гејтс е позната по својата филантропска работа и мудрите совети што честопати ги споделува. Опра Винфри е една од најуспешните жени во шоу бизнисот, а исто како и Мелинда не ги штеди своите добронамерни совети.

Еве што овие две жени имаат да порачаат:

Не се обидувајте да се прилагодите по секоја цена

Потрудете се да бидете во околина и со луѓе кои ви даваат моќ да бидете она што сте, односно не бараат да се прилагодите по секоја цена.

Мелинда ги поминала првите години од својата прва работа правејќи сè што е во нејзина можност да се прилагоди кон околината и луѓето, односно да биде подопадлива за нив. Но, како што вели тоа не ја поттикнало да го покаже најдоброто од себе, ниту пак ѝ дало можност да мотивира други луѓе.

Таа советува дека секогаш треба да ја истакнувате вашата внатрешна светлина и да не се трудите да бидете како другите.

Не се преправајте дека сте некој друг

И Опра како и госпоѓа Гејтс размислува слично кога станува збор за градење на карактерот. Таа вели дека ниту добриот стајлинг, ниту луѓето кои ги познавате не можат да бидат од корист доколку не сте свои на своето.

За Опра е неприфатливо преправање дека сте некој друг. Таа потенцира дека не треба да прифаќате работна позиција каде што не се истакнуваат вашите способности и вистинскиот карактер.

Повеќе истражувања направени на оваа тема потврдуваат дека прикривањето на сопствениот идентитет на работното место, без разлика за што станува збор, има негативно влијание на деловно поле и здравствената состојба.

Кога прилагодувањето доаѓа по цена од менување на идентитет, тоа едноставно не вреди.

Фото: Facebook