Американскиот ИТ гигант најави дека Арвинда Кришна ќе биде нов извршен директор на компанијата, а WeWork по бурното заминување на претходниот извршен директор го именуваат Сандеп Мартани.
Тие двајца влегуваат во друштвото на извршни директори од индиско потекло, а дел од нив се на чело на компании како што се Microsoft и Google.
Ова е листа на некои од главните извршни директори на чие чело се Индијци:
Сундар Пичаи – Alphabet
Сатја Надела – Microsoft
Ајајпал Син Банга – MasterCard
Рајев Сури – Nokia
Шантана Нарајен – Adobe
CNN пишува за неколку клучни фактори поради коишто професионалци од индиско потекло сè почесто седнуваат во управувачки фотелји на светски компании:
Прифаќаат промени и неизвесност – Индија е земја на различности, па сама по себе носи големи неизвесности, вклучувајќи ги и елементарните потреби како што е водата за пиење. Тоа ги прави да бидат отпорни и да ги прифатат сите промени.
Имаат моќ да предвидат – постојано прибираат информации и несвесно секогаш имаат развиено план Б, доколку нешто тргне наопаку.
Сè мерат – не само што се добри во математика, Индијците се талентирани да ги максимизираат резултатите за да напредуваат.
Образование – податоците говорат дека индиските имигранти се меѓу најобразованите во САД.
Фото: Pixabay