Менаџирање на фарма преку информатички – комуникациски технологии

28

Федерацијата на фармери на Македонија (ФФРМ) и компанијата Даталаб MK ja организираат конференцијата Менаџирање на фарма преку информатички – комуникациски технологии (позитивни примери).

Конференцијата, што е дел од Агрофуд, се организира со цел да се презентираат информатичко – комуникациските технологии кои се неопходни за развој на земјоделството и се потребни услови при аплицирањето за финансиски поддршки.

Конференцијата е дел од проектот Агро ИТ, со кој се воспоставува Платформа во неколку земји од ЕУ и која обединува клучни апликации, технологии и услуги, софтверски и мобилни апликации за менаџирање на фарма овозможувајќи управување на фарма преку компјутерска програма.