Mercedes-Benz вложува една милијарда долари во производство на електрични возила

21

mercedes-1338063_960_720

Фото: Pixabay

Daimler, матичната компанија на Mercedes-Benz, ќе инвестира една милијарда долари во производство на електрични возила во САД, пишува Mashable.

Сумата ќе се искористи за реновирање на фабриката во Тускалуза, Алабама каде што Mercedes веќе произведува SUV (sport/suburban utility vehicle). Компанијата, исто така, планира да изгради нова фабрика за производство на батерии, во близина на постоечката.

Вработените во новата фабрика ќе работат на линијата на електрични SUV автомобили наречена EQ. Овие футуристички автомобили ќе можат да поминат приближно 500 километри со едно полнење.

Производството планирано е да започне на почетокот на следната декада, а инвестицијата од една милијарда долари се очекува да отвори 600 нови работни места.

Од Mercedes-Benz велат дека до 2022 година сите нивни возила ќе станат електрични, предвидувајќи дека иднината ќе донесе повеќе од 50 видови на електрични автомобили.