Mercedes го откри изгледот на електричниот пандан на GLA

24

EQA ќе биде кросовер пандан на неодамна претставената нова генерација на GLA, а ќе биде претставен идната година. Извршниот директор на Mercedes официјално потврди дека новиот електричен автомобил на компанијата ќе биде лансиран во 2020 година, а сега со тизер фотографијата објавена од Mercedes, јавноста може за првпат да види како би изгледал новиот модел EQA.

Иако првично се очекуваше EQA да биде хечбек според концептот којшто беше претставен во Франкфурт во 2017 година, сега е дефинитивно потврдено дека овој модел на Mercedes ќе биде кросовер. Сепак, новиот автомобил базиран на GLA сè уште би можел да добие голем дел од деталите од концептот, но за повеќе детали ќе мораме да почекаме.

EQA ќе претставува влезен модел во електричното семејство на Mercedes кое дебитиреше со SUV моделот EQC, а наскоро ќе биде претставен и EQB базиран на моделот GLB.

Со почетна цена од 40.000 евра, EQA со литиум-јонската батера со капацитет од 60 kWh ќе нуди автономија од околу 400 километри. Автомобилот е долг 4.285 милиметри, широк 1.810, висок 1.428 со меѓуосовинско растојание од 2.729 милиметри.

Движењето ќе биде овозможено со два електро-мотори сместени под предната хауба и заедната осовина со комбинирана сила од 270 КС и 500 Nm вртежен момент што ќе овозможува забрзување од 0 до 100 километри на час за околу пет секунди.

Преземено од Avtoplus.mk