Меркел го критикува отворање на хотелите меѓу Божик и Нова година

109

Германската канцеларка, Ангела Меркел остро ја критикувала најавата на некои сојузни покраини околу отворање на хотели во период меѓу Божик и Нова година за гости кои патуваат во приватни аранжмани, јавуваат тамошните медиуми.

“Не можам да сфатам како токму оние сојузни покраини коишто се најмногу погодени во вториот бран од коронавирусот, сега планираат да ги отворат хотелите“, рекла Меркел.

Некои сојузни покраини, како Северна Рајна Вестфалија или Берлин, коишто се најмногу погодени од ширење на пандемијата, најавите дека за време на празниците ќе им дозволат на хотелите да примаат гости кои патуваат за да ги посетат своите роднини.

Мерките коишто се на сила од почетокот на ноември и се продолжени до 20-ти декември на хотелите им дозволуваат да прифатат само гости кои патуваат заради бизнис.

Фото: Freepik