Мермерен комбинат од Прилеп во првото тримесечје со добивка од 91,6 милиони денари

39

mermeren-kombinat-prilep

Мермерен комбинат од Прилеп, во периодот јануари – март оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка во износ од 91.612.000 денари, покажува тримесечениот биланс на успех.

Во текот на првиот квартал од минатата година, компанијата евидентираше загуба од 10.981.000 денари.

Вкупните приходи од продажба заклучно со 31-ви март оваа година, изнесуваат 314.595.000 денари. На домашен пазар реализацијата е 6.410.000 денари, додека на пазари во странство продажбата достигна 308.185.000 денари.

Приоритетна дејност на Мермерен комбинат е вадење на декоративен камен и камен за градежништво, варовник, суров гипс, креда и шкрилци