Акционерското друштво Мермерен Комбинат од Прилеп минатата година ја заврши со вкупна сеопфатна добивка од 422.101.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Компанијата претходната 2013 година ја заокружи со добивка од 59.079.000 денари.
Вкупните приходи од продажба на компанијата се во вредност од 1.173.550.000 денари, од кои помал дел од 52.264.000 денари се остварени на домашен пазар, додека поголемиот дел од 1.121.286.000 денари се остварени на странски пазари.