Месечна автобуска карта во Ирска над 100 евра, а во Пакистан само пет евра

35

Жителите на Ирска плаќаат најскапа месечна автобуска карта (108 евра), додека таква карта во Пакистан чини 4,62 евра, покажуваат податоците на Numbeo.

Меѓу земјите кои имаат најскапи месечни автобуски карти се и: Австралија (92,28 евра), Исланд (88,68 евра), Нов Зеланд (87,26 евра) и Јапонија (83,95 евра).

Освен во Пакистан, најевтина месечна карта за возење во градски автобус, имаат и овие земји: Шри Ланка (5,02 евра), Виетнам (7,03 евра), Непал (7,08 евра) и Индија (7,57 евра).

Од земјите во регионот, месечната автобуска карта во Хрватска чини 47 евра, додека во Словенија се продава за 37 евра. Жителите на Грција за месечна автобуска карта во просек треба да одвојат 30 евра, додека во Црна Гора е 27,15 евра. Во Босна и Херцеговина, Бугарија и Србија месечната автобуска карта се продава по 25,50 евра. Во Македонија една месечна карта за возење со автобус се продава во просек по 19,51 евра.

Фото: Pixabay