Меtа го одложува враќањето во канцелариите во САД поради Омикрон

59

Матичната компанија на Facebook – Meta Platforms, го одложи датумот на враќање во канцелариите во САД и бара „бустер“ доза на вакцини за Ковид-19 за оние кои ќе бидат присутни. Така се приклучи на листата на компании кои ги менуваат своите планови, додека „омикрон“ варијантата на коронавирусот продолжува брзо да се шири, пренесе Ројтерс.

За вработените кои ќе изберат да работат од канцеларија, датумот на отворање на работните простори е одложен од 31 јануари на 28 март, објави технолошкиот гигант.

Секој што сака лично да се врати на работа ќе треба да достави доказ за „бустер“ доза, додека компанијата внимателно ја следи ситуацијата со „омикрон“, пишува Меtа. Таа во моментов бара сите нејзини американски вработени кои ги посетуваат канцелариите да се вакцинираат против коронавирусот.

Работниците имаат рок до 14 март да одлучат дали ќе се вратат во канцелариите, сакаат постојано да работат од далечина со полно работно време или да се привремено од „дистанца“.

Вработените кои не биле вакцинирани од медицински или религиозни причини можеби ќе сакаат да работат од дома, рече портпаролот на компанијата. „Вработените кои нема да преземат ништо може да се соочат со дисциплински мерки, вклучително и отказ. Очигледно, ова ќе биде нашиот последен потег“, додаде тој во е-пошта.

Корпоративна Америка се потпира на моделот на задолжителна вакцинација и ги одложи плановите за враќање во канцелариите, додека „омикрон“ продолжува да води до зголемување на бројот на пациенти на рекордно ниво во земјата.

Минатата недела, Citigroup соопшти дека нејзините вработени, кои не биле вакцинирани против Ковид-19 до 14 јануари, ќе одат на неплатено отсуство и ќе бидат отпуштени до крајот на месецот.