Металот што вреди повеќе од злато на овие земји им носи милијарди

78

Извозот на паладиум на глобално ниво минатата година достигна вредност од 22,3 милијарди долари, што е 57% во споредба со 2018 година.

Најголем извозник на овој благороден метал со широка примена е Русија, којашто успеа да инкасира 4,3 милијарди долари. Вкупно четири милијарди долари заработи Велика Британија од продажба на паладиум на странски пазари.

Првата петорка најголеми извозници на овој благороден метал се и: САД (3,1 милијарда долари), Јужна Африка (2,8 милијарди долари) и Германија (две милијарди долари), покажуваат податоците на World’s top exports.

Овој метал најмногу се употребува при изработка на накит, часовници, во стоматологијата, ленти за тестирање на шеќер во крвта и за изработка на хируршки апарати. Исто така, паладиумот се користи и во авиоиндустријата, како и за изработка на музички инструменти.

Традиционална примена на паладиумот е во автомобилската индустрија бидејќи се вградува како катализатор со цел да ја контролираат емисијата на издувни гасови. Околу 70% од побарувачката за паладиум доаѓа од светските производители на автомобили.

Фото: Freepik