Метрото во Чиле ќе користи 60% енергија од сончевите зраци и ветерот

73

Metro Santiago, Chile

Главниот град на Чиле, Сантијаго, ќе биде првиот град во светот каде што метро станицата ќе ја користи соларната и енергија на ветерот, пишува Business green.

Се очекува проектот да биде функционален до 2018 година, па така околу 2,5 милиони патници секој ден ќе можат да го користат метрото коешто користи  60% енергија добиена од обновливи извори.

Ветерницата со моќност од 185 MW во северниот дел на Чиле ќе овозможува 18% од потребите за електрична енергија на метрото. Останатите 42% ќе бидат обезбеди од соларна електрана со моќност од 100 MW, којашто исто така ќе биде сместена во северниот дел на земјата. Изградба на електраната, зад којашто стои енергетскиот гигант Total и соларната компанија SunPower Corp, ќе започне оваа година, а во целост ќе биде завршена до крајот на 2017 година.