Министерството за финансии врати 1,126 милијарди денари или 18,3 милиони евра во стопанството по основ на издадени и доспеани за отплата државни записи, јавува Миа.
На вчерашната аукција Министерството повлече двојно помалку средства, односно 569,9 милиони денари или 9,2 милиони евра. На овој начин нето задолжувањето преку државни записи, само преку оваа аукција е намалено за девет милиони евра.
Во изминативе два месеца, како што се наведува, се откажани дури три предвидени аукции на државниот пазар. Нето задолжувањето по однос на државни записи се приближува кон нула.