Ми – Да Гранд Моторс организира Blue Friday денови

16

blue-friday

Сината боја како боја на небото и морето, поврзана со суштината и стабилноста, симболизира доверба, лојалност и верување. Луѓето кои ја сакаат оваа боја се дефинираат како мудри и разумни. Токму како и карактерот на “синиот овал“, сината боја применета во светот на автомобилизмот ја опишува смислата на животот и постоењето, а тоа е поседувањето одговорност и создавањето, односно одржувањето на довербата. Релацијата на секој сопственик со своето возило се базира токму на довербата, убавото расположение и неповторливото доживување.

Поради ова, Ми – Да Гранд Моторс организира Blue Friday денови, како симболика на познатиот Black Friday, исполнети со многу инспиративни и позитивни активности. Активности кои ќе ве воведат во светот на синото, односно светот на “доброто дело“, дарувањето и силната лојална врска.

Во овие денови, Ми – Да Гранд Моторс овозможува огромни попусти за сите нови и поволни возила кои се на залиха и во исто време од секое продадено возило тој ден донира средства во детската амбасада Меѓаши. Со секое продадено возило овој ден клиентот добива подарок зимски гуми, кровни носачи итн.

Покрај ова, за време на Blue Friday деновите, Ми – Да Гранд Моторс дава подарок и за секое извршено тест возење. Blue Friday ќе се одржат на трети, 10-ти и 17-ти ноември.