Michelin создаде уред за поголема безбедност на велосипедистите

20

velosiped-pixabay

Фото: Pixabay

Францускиот производител на гуми создаде иновација со којашто велосипедистите ќе бидат побезбедни на патиштата. Станува збор за уредот bikesphere, којшто со помош на ласери создава виртуелен заштитен простор што не смеат да го нарушат автомобилите за да не ја загрозат безбедноста на велосипедистот, пишува Design Boom.

Детекторот што е вграден во уредот ја анализира околината по којашто се движи велосипедистот.

Доколку автомобил се доближи во велосипедот, bikesphere ја интензивира бојата на ласерот со што ги алармира и тој што го управува автомобилот и велосипедот.