Microlino минијатурен електричен автомобил наскоро на европските улици

28

Швајцарската компанија Micro Mobility произведе  мал, електричен градски автомобил, Microlino кој за првпат беше прикажан на саемот за автомобили во Женева во 2016 година, а сега откако ги помина последните тестирања ќе почне да се вози и по улиците на Европа, пишува Design Boom.

Сериското производството на овој мал урбан автомобил ќе започне во декември 2018 година со првите испораки во Швајцарија, а потоа ќе влезе и на германскиот пазар во 2019 година.

Дизајнот на Microlino е инспириран од култниот модел на BMW, Isseta, од 1956 година, и се одликува со врата на предната страна на возилото, две седишта и предна осoвина којашто е значително подолга од страничната. Но, за разлика од моделот на Isseta којшто го движеше двотактен мотор на бензин, Microlino има електромотор со сила од 15 kW.

Исто така, во опсег се други две варијанти кога станува збор за капацитетот на батеријата, една 8kWh што ќе овозможи автономија од 120 километри, и друга поголема опција којашто нуди 14,4 kWh и 215 километри возење со едно полнење.

Малиот автомобил ќе може да се наполни до 80% на регуларен домашен приклучок за околу четири часа. Најголемата брзина, на само 450 килограми тешкото возило, ќе биде 90 км/ч, а забрзувањето од 0 до 50 км/ч ќе се одвива за 5 секунди. Возачот и совозачот во Microlinо, ќе може да сместат 300 литри багаж, а сето тоа е спакувано во каросерија којашто е долга само 2,4 метри (30 цм пократко од популарниот Smart).

Во моментов, Microlino може да се резервира преку веб-страницата на производителот, а откако ќе се почне продажбата, треба да чини околу 12.000 евра.