Mid Europa ги купува Имлек, Бамби, Књаз Милош…

101

imlek

Mid Europa Partners, инвестициски фонд специјализиран за инвестиции во централна и источна Европа, потпиша договор за преземање на фирмата Danube Foods Group, во чија сопственост се српските компании Имлек, Млекарница Суботица, Бамби и Књаз Милош. Овој инвестициски фонд ги купи сите млекарници кои во составот на Имлек работат во Македонија, Република Српска и Црна Гора, јавува Танјуг.

Затворањето на трансакцијата се очекува во првата половина од оваа година, а финансиските податоци на трансакцијата не се соопштени.

Со преку 400 милиони евра вкупен промет во 2014 година, Danube Foods Group претставува лидер во Србија и регионот на пазарот на млеко и млечни производи, кондиторски производи, минерална вода и енергетски пијалоци.

Mid Europa Partners е инвестициски фонд фокусиран на централна Европа и Турција, со седиште во Лондон и претставништва во Будимпешта, Истанбул и Варшава.