МИДФ и Комерцијална банка со поддршка на инфраструктурата со кредити од 10 милиони евра

32

evra

Фондот за развој на општинска инфраструктура (МИДФ) и Комерцијална банка АД Скопје го поддржуваат развојот на одржлива инфраструктура во Македонија со кредити на износ од 10 милиони евра, што се на располагање на општини, комунални претпријатија и приватни друштва коишто даваат општински услуги.

Средствата од кредитот ќе се искористат за финансирање на изградба на нова и модернизација на основната општинска инфраструктура во помалите општини коишто обично имаат ограничен капацитет за изготвување проекти за одржлива инфраструктура и се соочуваат со тешкотии за пристап до финансирање од комерцијалните банки.

МИДФ е прв инвестициски фонд на износ од 100 милиони евра, започнат од ЕБОР и КФВ со великодушен придонес од владите на Германија, Швајцарија и Австрија, со цел стимулирање на порастот на пазарот на кредитирање на општини и остварување на долгорочна одржливост на општинските услуги во западнобалканските земји.

Освен тоа, владите на Австрија и Швајцарија обезбедуваат финансирање на техничка помош како поддршка на изготвување и спроведување на проектот и изградба на капацитетот на општинските корисници на кредити.

Комерцијална банка АД Скопје е најголемата комерцијална банка во Македонија со распространета мрежа на работење во земјата и со широка лепеза на услуги за клиентите.

“Горди сме да ја објавиме оваа одлична можност за развој на општинската инфраструктура. Ние во МИДФ веруваме дека постои голема потреба од развој на локалната инфраструктура, а финансискиот пазар во земјата не го опфатил овој сектор со целиот негов потенцијал. На тој начин ова претставува иновативна соработка на МИДФ со која очекуваме да се покрие финансискиот пропуст во општинската инфраструктура во Србија и да се обезбеди потребната поддршка за таа цел“, рече д-р Клаус Рихтер, менаџер на проект на МИДФ.

“Ја цениме нововоспоставената соработка со МИДФ. Тоа е добредојден извор на финансирање за итно потребните инвестиции во инфраструктурата во Македонија придружен со значителна техничка помош на крајните корисници. Како таков, финансискиот пакет дава дополнителна придобивка за клиентите покрај поволните каматни стапки. Нашата банка веќе се докажа како долгорочен партнер во оваа земја што го поддржува економскиот развој на различни начини“, рече Хари Костов, главен извршен директор на Комерцијална банка АД Скопје.

МИДФ е осмислен за западнобалканските земји, а во оваа група стратегијата на Фондот ќе биде фокусирана на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија, согласно со локалните потреби.