Милијарда долари приходи од здравствен туризам

27

Турција заработи околу една милијарда долари од здравствен туризам во последните 12 месеци и покрај рестрикциите за патување како мерка за спречување на ширење на коронавирусот, пренесуваат турските медиуми.

Минатата година, над 662.000 странски пациенти ја посетиле земјата. Ирак, Азербејџан и Туркменистан се трите земји од каде најчесто доаѓаат пациенти во Турција.

Во 2019 година, приходите од здравствениот туризам во Турција надмина милијарда долари, од кои околу 60% доаѓаат од пластични операции.

Турските власти планираат да достигнат бројка од 1,5 милиони странски пациенти до 2023 година, од коишто ќе остварат околу 10 милијарди долари како приходи.

На листата на чекање има околу 4,4 милиони пациенти кои бараат различни здравствени услуги, од стоматолошки, до операции на хернија и катаракта, како и вградување вештачки колкови и зглобови.

Според здравствените власти, Велика Британија е една од земјите што имаат голем потенцијал за развој на здравствениот туризам во Турција.

Фото: Pexels