Милијардери кои си ги намалија платите за 90%

89

Во април, Влад Тенев и Баиџу Прафулкумар Бат, двајцата основачи на Robinhood Markets Inc., ја намалија својата плата за 90% на 34.248 долари.

Нивната плата, еднаква на годишната плата на просечен американски работник во 2019 година е само уште еден наклон кон ставот на оваа компанија за “демократизација“ на финансиите за секого.

Robinhood е компанија за финансиски услуги од Калифорнија, која во 2020 година имаше скоро 1.300 вработени. Влад Тенев е бугарско-американски милијардер, додека Бат е со индиско потекло.

Двајцата имаат нето вредност од најмалку една милијарда долари, според индексот на милијардерите на Bloomberg. Во средината на своите триесетти години, тие постигнаа извонреден успех, а порано беа цимери во Стенфорд.

Нивното богатство претставува ненадеен, но трнлив успех на Robinhood Markets Inc., трговска платформа што ја лансираа во 2013 година за да ги исполнат барањата на почетниците инвеститори. Компанијата брзо растеше за време на пандемискиот период, но претходно оваа година и требаше итно финансирање за да се справи со падот на бројот на корисници.

Приходите во првиот квартал се искачија на 522 милиони долари од 128 милиони долари за истиот период минатата година, покажа новиот извештај. Robinhood исто  има околу 18 милиони активни корисници.

Фото Facebook