Милион Американци вакцинирани против коронавирус

22

Милион Американци ја примија првата доза од вакцината против коронавирусот, објави директорот на сојузната агенција за јавно здравство, Роберт Редфилд.

“САД преминаа важен праг, локалните власти објави дека повеќе од милион луѓе ја примија првата доза од вакцината во кампањата за вакцинација што почна пред 10 дена“, рекол Редклиф.

Целта е да се имунизираат 20 милиони луѓе до крајот на годината, но прашање е дали ќе може да се исполни таа цел. До крајот на првото тримесечје од 2021 година, би требало да се вакцинираат 100 милиони луѓе, а уште 100 до крајот на второто тримесечје.

Во САД се одобрени вакцините на Pfizer и BioNTech и на Moderna.

Фото: Freepik