Милионер и кандидат за градоначалник дели гориво во вредност од милион долари

120

Милионерот, бизнисменот и кандидат за градоначалник на Чикаго, Вили Вилсон, најави дека ќе подарува гориво на граѓаните.

„Ние веруваме дека треба да бидеме одговорни пред нашите соседи, ние кои можеме да си го дозволиме тоа“, рече Вилсон, обраќајќи им се на новинарите.

Дистрибуцијата на горивото од милион долари е планирано за сабота, 23 април. Тоа ќе биде трет пат Вилсон да дели гориво во последните неколку недели. Тоа го направи двапати во март на околу 50 станици во и околу градот.