Милионерскиот данок ќе ги избрка финансиерите од Њујорк

55

Њујорк планира да ги зголеми даноците во својот град, а според извештаите на медиумите, тоа, особено на Wall Street, може да предизвика одредени последици.

Предлогот за зголемување на даноците во овој град, кој најверојатно ќе биде прифатен, најмногу ќе им наштети на финансиерите и на инвеститорите, па голем број од нив најавија заминување во американските “даночни раеви“ како Флорида, Јута или Тексас. И тоа не го најавуваат само малите инвеститори, туку и некои компании.

Проблем е таканаречениот “данок на милионери“, кој може да скокне од 12 на над 15%. Данокот што се плаќа е поделен на држава и град, а со промена на “правилата“, данокот во Њујорк би бил меѓу највисоките во САД.

Фото: Pixabay