Милиони германски марки и понатаму се кријат под перница

212

Скоро 19 години по воведување на еврото, многу луѓе сè уште откриваат сокриени германски марки на најразлични места. На крајот на ноември оваа година, според податоците на Deutsche Bundesbank, банкноти и кованици вредни над 12 милијарди марки сè уште се откриваат. Понекогаш се случува некои Германци да откријат и цело богатство.

Па така, едно момче открило скоро 3,5 милиони германски марки (1,79 милиони евра) додека ја чистело куќата на неговиот болен вујко. Тој ги ставил парите во најлонски кеси и во кутии од цигари, а потоа очигледно ги заборавил.

Ниту скоро 19 години по воведување на еврото, многу Германци не се одвоиле од својата стара валута. Поголемиот дел од нив се разменети во време на воведување на еврото на почетокот на 2002-ра година.

За разлика од многу други земји каде што е воведено еврото, старите банкноти и кованици можат неограничено да се разменуваат во германската централна банка, а курсот не е променет, едно евро за 1,95583 германски марки.

Но, оваа опција на размена ретко се користела во услови на пандемија. До крајот на ноември, германската централна банка добила 53,4 милиони германски пари.

Фото: Pixabay