Милка избрана за најдобар бренд во земјите од поранешна Југославија

76

Според истражувањето спроведено од агенцијата Валикон за силата на брендовите на целото подрачје на поранешна Југославија, Милка е најдобар бренд.  Жителите на Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора и Косово, односно пазар од 22 милиони луѓе, ја избраa Милка како бренд број еден во регионот.

На списокот 25 најголеми компании за широка потрошувачка во земјите од поранешна Југославија во 2012 година се најдоа: 1. Милка, 2. Кока-Кола, 3. Вегета, 4. Аргета, 5. Кокта, 6. Нивеа, 7. Орбит, 8. Цедевита, 9. Нескафе, 10. Пепси, 11. Јафа кекс, 12. Ленор, 13. Палома, 14. Дорина, 15. Аквафреш, 16. Плазма кекс, 17. Смоки, 18. Чипси, 19. Домачица, 20. Фанта, 21. Медено срце, 22. Ариел, 23. Бајадера, 24. Фруктал, 25. Кики.

Агенцијата Валикон го спроведе истражувањето во периодот мај – јуни 2012, во сите земји од регионот на примерок од 1.000 до 1.500 испитаници по земја. Најмалите пазари во Црна Гора и Косово не беа вклучени во истражувањето.