Минатиот месец преку платежните картички се свртеле 188 милиони евра

26

Според најновите податоци на Народната Банка на Република Македонија, во јули годинава преку платежните картички бил направен обрт од 188 милиони евра, од кои најголем дел или 162 милиони евра минале преку дебитните картички, додека преку кредитните вкупниот остварен промет изнесува 23 милиони евра.

Па така, заклучно со минатиот месец, во Македонија во употреба биле 1,5 милиони платежни картички. Од вкупниот број, најголем дел 1,1 милион картички, или 73% се дебитни картички, па следуваат кредитни картички 311.000 и картичките со кеш-функција кои ги има речиси 60.000.

Податоците покажуваат дека скоро секој граѓанин на Македонија е задолжен со по една кратичка или пак, пресметано во однос на вкупниот број на вработени граѓани, тоа би значело дека во просек секој кој заработува должи по 2-3 картички.

Исто така од јануари па наваму регистриран е тренд на пораст на картичките. За седум месеци бројката се зголемила за 43.000 нови картички, додека бројот на кредитните картички е зголемен за речиси 15.000 новоиздадени картички.

Во јули, во Македонија имало 23.722 трговци кои работат со платежни картички, а како накористени трендови се посочуваат American Express, Casys, Diners, EURO Standard, Mastercard, ProCredit и VISA.