Мини домови од бетонски цевки за вода

87

24991044_161063737836789_6577562065615350905_nКинескиот архитект Џејмс Ло креираше микро домови од бетонски цевки за вода, со цел да го реши проблемот со недостаток на простор и сместување во Хонг Конг, пишува Apartment therapy.

Куќарките се наречени Opod и имаат дијаметар од 2,5 метри и можат да сместат двајца. Секој мини дом е опремен со клупа што се претвора во кревет, мини фрижидер, бања, туш и полици.

Благодарение на нивниот дизајн, структурите може да се сместат на улица, над други градби, односно онаму каде што има простор. Еден ваков Opod тежи 22 тони, а за да се намести не е потребна никаква дополнителна опрема. Тие се местат еден врз друг што значително ги намалува трошоците за инсталација.
24796421_161064251170071_5930242938731910322_n24775048_161064301170066_9068049166171725921_n26219392_168510863758743_2812961834105467497_n Фото: Facebook