Мистериозен бизнисмен вложил пет милиони долари во победата на Трамп: Најголем изборен облог досега

42

Падна најголемиот политички облог на светот, а се однесува на прогнозата за исходот на американските избори. Мистериозен бизнисмен од Велика Британија ставил пет милиони долари дека ќе победи Доналд Трамп.

Овој милионер користел приватни канали за обложување, регистрирани на Карибите, и пред да одлучи да депонира голема сума – се консултирал со прогнозите (Trump camp insiders).

Ако победи Трамп, бизнисменот може да добие скоро 15 милиони долари.

Но, тој не е единствениот милионер кој се обложувал на резултатот на американските избори на овој начин. Еден богат човек вложил милион фунти (1,29 милиони долари) обложувајќи се на победата на неговиот противник Џо Бајден … Ако Бајден победи, на неговиот влог инвестиран милион, овој милионер ќе добие уште половина милион фунти.

Обичниот свет исто така се обложува, а кога сè ќе се додаде, најголемите обложувалници Ладброкс и Спортсбет ќе изгубат по околу 10 милиони долари ако Трамп добие втор мандат на чело на САД.

Сепак, сите анкети укажуваат на победа на Бајден.

Натпреварот е сè уште неизвесен – но Трамп веќе направи нешто што ги шокираше неговите сопартијци, тој ја прогласи својата победа однапред, иако милиони гласачки ливчиња сè уште не се бројат.

Изборите се одржаа вчера, но гласовите, освен на избирачките места, беа испратени однапред по пошта, поради состојбата со коронавирусот.