Мизо: Компании од автомобилската индустрија ќе ја скенираат Македонија

42

viktor-mizoДиректорот на дирекцијата за ТИРЗ, Виктор Мизо, во интервју за Алсат-М изјави дека компании од автомобилската индустрија во следниве две недели ќе ја скенираат Македонија.

“Разговараме со неколку компании, односно неколку американски компании веќе длабински ја разгледуваат Македонија и ние сме една од две или три земји каде треба конечната одлука да се донесе. Во многу од овие случаи почетокот на функционирање на новиот производствен погон треба да биде почетокот на 2015-та година. Што значи еден период од 15 до 18 месеци кој е потребен за изградба на фабриката укажува дека средината на годинава, односно најдоцна до септември треба овие одлуки да се донесат“, изјави Мизо.

Освен за инвестициите Мизо зборуваше и за одливот на капиталот од Македонија, како и за актуелните случувања околу инвестицијата на индискиот бизнисмен Субрата Рој во државава.

Во интервјуто кое беше емитувано вчера, тој додаде дека и неколку европски компании, како и компанија од Јапонија во следните две до три недели има најавено неколку посети од највисоко ниво во Македонија.