Mizzle – паметна микро градина во домот

121

Фото: Behance

Мizzle е паметен кујнски уред дизајниран за одгледување на микро растенија. Дело е на двајца дизајнери од Финска и Турција, кои прототипот го изработија од 3D печатени делови.

На горниот дел од уредот корисникот поставува подлога на којашто има малечки семиња, а под нив се ставаат специјални садови коишто го иницираат процесот на растење.

Паметниот уред доаѓа со три елементи, еден за процесот на ртење, којшто е затворен со цел да биде темно, и два други отворени за процесите на растење и берба.

Микро растенијата се берат со “навршени“ осум до 15 дена и кога имаат висина од три до 10 сантиметри, односно кога една третина од просецот бил ртење.

Корисниците можат да го следат напредокот на растенијата преку мобилна апликација, којашто праќа корисни информации во врска со наводнувањето. Секој сад на Мizzle автоматски се наводнува преку распрскувачи и сензори.

Идејата на креаторите е садовите со семе да се купуваат одделно и со нивно додавање на уредот микро градината да се шири во домот.