ММФ ги ублажи проценките за пад на глобалната економија за оваа година

34

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги ублажи проценките за пад на глобалната економија оваа година, благодарение на побрзото закрепнување на развиените земји и Кина.

ММФ се очекува светската економија да се намали за 4,4%, додека претходните проценки беа 4,9%. Ревидираната проценка на падот е поради силниот раст на развиените економии во второто тримесечје што е над очекувањата, а проекциите покажуваат дека тој тренд ќе продолжи и во следното тримесечје.

Кина, според ММФ, е посебно заслужна за оваа проекција, поради нејзиното брзо закрепнување од последиците што ги остава пандемијата. Таа ќе биде единствена земја што ќе има позитивна стапка на раст од 1,9%, што е двојно повеќе од претходните очекувања на ММФ.

Во текот на следната година светската економија се проценува дека ќе се зголеми за 5,2%.

Американската економија се очекува оваа година да забележи пад од 4,3%, што е двојно помалку од проценките на ММФ. И еврозоната се очекува да расте за исто толку иако претходните проекции предвидуваа пад од 6%.

Фото: Facebook