ММФ го одложи објавувањето на зимските прогнози за економијата поради омикрон

73

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го одложи објавувањето на зимските прогнози за економијата за една недела со цел да го вклучи во пресметката влијанието од ширењето на новата варијанта на коронавирус, објави портпаролот на глобалниот кредитор.

„Ажурираните прогнози за светската економија ќе бидат објавени на 25 јануари за да им овозможат на нашите тимови да ги вклучат најновите случувања поврзани со пандемијата на Ковид-19 во нивните економски прогнози“, рече Џери Рајс.

Во декември, портпаролот на ММФ рече дека ажурираните прогнози би можеле да бидат објавени на 19-ти јануари. Извршниот директор Кристалина Георгиева изјави на конференцијата на Ројтерс минатиот месец дека ММФ најверојатно ќе ги намали економските прогнози.