ММФ на Хрватска ѝ порачува: Преквалификувајте ги угостителите

26

Во подрачја каде што има вишок, како што се туризмот и угостителството, потребно е да се спроведува активно оспособување и преквалификација во области, како што се зелена економија и градежништво, порачува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Хрватска.

“Недостигот на работници во секторот на градежништвото е присутен веќе неколку години, а проблемот се решава со увоз на работна сила, а помалку со преквалификација на домашните работници. Колку тој проблем е изразен, видливо е од податоците дека оваа година се увезени околу 25.000 градежни работници, што е скоро 75% од одобрената квота за увоз на работници“, сметаат од ММФ.

Експертите сметаат дека со оспособување и преквалификување на вишокот вработени од туризмот и угостителството на градежните компании би им го олеснило пронаоѓањето на работници на домашниот пазар на труд и ќе им ги намали проблемите за пронаоѓање на странски работници, пренесува Пословни дневник.

Фото: Freepik