ММФ: Пакетот за закрепнување треба да има повеќе грантови, не заеми

27

Пакетот мерки на Европската унија за закрепнување на економијата од пандемијата на коронавирус треба да се состои во најголем дел од грантови, а не од заеми, изјави Гита Гопинат, главен економист во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за германскиот весник Der Spiegel.

“Во спротивно, пакетот мерки нема да предизвика економско закрепнување“, вели Гопинат.

Лидерите на ЕУ се договорија во април да формираат фонд за итна поддршка на економијата на 27 држави од Унијата, а за конечните детали допрва треба да се договорат.

Фото: Pixabay