ММФ призна дека водел лоша политика на штедење во Грција

29

Eurozone Finance Ministers Demand Greater Scrutiny Of Greek Budget CutsМеѓународниот монетарен фонд (ММФ) вчера призна дека потфрлила нивната политика за штедење во Грција. Во документот на ММФ со ознака “строго доверливо” стои дека пред три години ја потцениле штетата што ќе и ја нанесат мерките на штедење на грчката економија, пишува The Wall Street Journal.

ММФ призна дека морал да ги намали сопствените стандарди кога е во прашање можноста Грција да ги враќа долговите и дека предвидувањата за грчката економија можеби биле претерано оптимистични.

ММФ заедно со Европската комисија и Европската централна банка, т.н. Тројка, и одобрија на Грција пакет финансиска помош со услов да ја намали јавната потрошувачка, акцентирајќи ја потребата од отпуштања во јавниот сектор. Грција доби околу 30 милијарди евра, а вкупниот пакет помош беше 110 милијарди евра. Некои членови на управата на ММФ ја критикуваа одлуката на Грција да и се дадат толку пари, во однос на големината на нејзината економија.

Откако грчката програма беше одобрена, Тројката од Атина бараше веднаш да намали дел од долгот и да спроведе структурни реформи.

“Меѓутоа, се случи неуспех. Грција остана во еврозоната и намали дел од долгот, но не ја поврати довербата на пазарите, а економијата се урна во една од најтешките рецесии забележана во време на мир”, вели ММФ.