ММФ: Војната во Украина има послабо влијание врз руската економија од очекуваното

38

Војната во Украина има влијание врз руската економија, но тоа е помалку од претходно очекуваното, изјави директорката за комуникации на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Џули Козак.

Таа додаде дека ажурираната прогноза на ММФ за растот на руската економија ќе биде претставена подоцна во јули, пренесува РИА Новости.

Според сегашната прогноза на ММФ, рускиот БДП годинава ќе порасне за 0,7 отсто.