Мобилна апликација покажува распространетост на крлежи во Словенија

81

priroda

Во Словенија од неодамна на паметните телефони може да се инсталира апликацијата Klop SOS од каде може да се видат сите податоци за распространетоста на заразените крлежи кои пренесуваат менингоенцефалитис.

Освен деталните податоците во кои општини и во која концентрација се најзастапени крлежите, колкав е ризикот и каква заштита е најсоодветна, апликацијата ги пренесува и податоците за временските услови, пренесува порталот croenego.eu.

Оваа апликација е особено корисна за луѓето кои собираат печурки, оние што уживаат времето да го поминуваат во природа, шумските работници и земјоделците.

Според зачестената појава на менингитис што го предизвикуваат крлежите, Словенија е прва во Европа, пред се поради тоа што 50% од територијата на земјата е прекриена со шуми. Минатата година од менингоенцефалитис предизвикан од крлежи биле заразени 310 лица, што е 15 заболени на 100.000 жители.

Опасноста од крлежи е од февруари до ноември, но најголема е во пролетните и летните месеци.