Model Y ги “потона“ акциите на Tesla

49

Акциите на американскиот производител на електрични автомобили, Tesla, забележаа пад од над 9% бидејќи компанијата престана да прима нарачки за најевтината верзија на Model Y.

Освен тоа, компанијата го тргна овој модел од онлајн платформата за нарачки по еден месец. Сè уште не е познато дали ова ќе биде привремена или долгорочна мерка.

Првата верзија на Model Y Standard Range RWD е воведена во 2019 година, а лани цената е намалена од 41.990 долари на 39.990 долари.

Фото: Pexels