Moderna бара итно одобрување за вакцината против Ковид-19 во САД и Европа

34

Биотехнолошката компанија Moderna поднесува барање до регулаторите во САД и Европа итно да ја одобрат нејзината вакцина против Ковид-19.

Регулаторите ќе ги проучат податоците од клиничките испитувања и ќе одлучат дали вакцината е доволно безбедна и ефикасна за да се препорача за употреба.

Клиничките студии покажуваат вакцината е 94% ефикасна во заштита на луѓето од Ковид-19.

Фармацевтската компанија Pfizer, којашто има слична вакцина, веќе поднесе барање за одобрение во САД. Меѓу вакцините што ќе добијат вонредно зелено светло е и онаа на AstraZeneca и Универзитетот Оксфорд.

Вакцината на AstraZeneca чини околу 3,3 евра за доза, Pfizer 16,6 евра и Moderna 25 евра.

Фото: Freepik