Moderna најавува три милијарда вакцини за следната година

27

Американската фармацевтска компанија Moderna планира да ги зголеми производните капацитети за својата вакцина против коронавирусот и во 2022-ра година ќе произведе до три милијарди дози.

Тоа е повеќе од двојно поголемо производство во однос на претходните прогнози, оценува Ројтерс. Од Moderna најавувале дека планираат во 2022-ра година да произведат 1,4 милијарди вакцини.

Компанијата најави дека ги зголемува проекциите за производство на вакцини оваа година од 800 милиони до милијарда вакцини, во однос на претходните проценки до 700 милиони.

Најновите податоци покажуваат дека вакцината на Moderna може безбедно да се чува до три месеци во фрижидер, што ја олеснува нејзината испорака до тешко достапни подрачја, како што се одредени азиски и земји со низок и среден доход.

Фото: Pexels