Модерни генерации: Веќе не трошат на бонбони, туку на видео игри и уреди

34

Младите во Велика Британија повеќе го трошат џепарлакот на видео игри, како што се Fortnite и Roblox, одошто на слатки и книги, пренесува Business Insider.

Во истражувањето на компанијата RoosterMoney, биле вклучени 24.000 деца на возраст меѓу четири и 14 години, а резултатите покажуваат дека добиените пари најчесто ги трошеле на онлајн платформа за видео игри Roblox и за Fortnite. Оваа видео игра иако е бесплатна, заработува огромни суми на различни додатоци.

На трето место по потрошувачка на џепарлакот се наоѓаат Lego коцките, нешто што не се променило со текот на годините и во чие составување уживаат скоро сите генерации. Дури на четврто место се наоѓаат слатките работи и книгите коишто порано биле на прво место по потрошувачка од детскиот џепарлак.

Интересен е податокот што во однос на минатата година, сега децата штедат повеќе од џепарлакот што ќе го добијат го штедат за видео игри, но и за ИТ уреди како што се оние на Apple.

Во однос на тоа како најчесто децата доаѓаат до сопствениот џепарлак, тие рекле дека најчесто е преку чистење на својата соба, миење на автомобилот на родителите. Од родителите добиваат и награда ако се однесуваат добро, ако постигнат некој добар резултат и слично.

Фото: Pexels