МојДДВ: Скенирани над пет милиони фискални вредни 2,7 милијарди денари

31

Од први јули наваму, преку апликацијата за поврат на данок на додадена вредност, МојДДВ скенирани се над пет милиони фискални сметки, чија вредност е 2.768.341.908 денари, информираат од влада.

Досега вкупно 135.000 граѓани ја симнале апликацијата, а досега е пресметан поврат на ДДВ во висина од, како што изјави премиерот Зоран Заев, 44.827.000 денари.

Наплатата на ДДВ за првите шест месеци, вклучително и 23 дена од јули, како што се наведува, е зголемена за 6,6%, персоналниот данок е зголемен за 15,9%. Придонесите од плати за пензиско и инвалидско осигурување пораснале за 9,8%, придонесите за здравствено осигурување за над 8%.  Вкупните приходи на државата, заклучно со 24-ти јули, во споредба со лани, се зголемиле за 8,6%.

Фото: Pixabay