Montenegro Airlines го тужи ToMontenegro поради логото

27

Montenegro Airlines (MA) во стечај ја тужи новата црногорска авиокомпанија ToMontenegro поради неовластено претставување и ставање во промет лого што е исто или слично на она што го користи MA, со што го “повреди регистрираниот жиг на компанијата“.

Со тужбата се бара надоместок на штета што не е прецизирана, но е еднаква на износот од користа што ToMontenegro има намера да ја оствари со ставање на логото како знак на своите производи и услуги.

Се бара од ToMontenegro веднаш и без одлагање да престане да го користи логото, а под закана од парична казна забранува негово користење и во иднина, пренесуваат црногорските медиуми.

Фото: Facebook