Montenegro Airlines на патниците им должи 300.000 евра

24

Црногорскиот авиопревозник Montenegro Airlines, којшто е во постапка на гаснење по одлуката на тамошната влада, на патниците им должат 300.000 евра по основ на продаден купони за летови од 26-ти декември оваа година до 30-ти октомври следната година, пренесуваат тамошните медиуми

Од таа авиокомпанија, којашто на 26-ти овој месец ги запреа сите летови, прецизираа дека се продадени 5.081 купон за летови во наведениот период во вкупна вредност од 301.000 евра.

“Дополнително имаме и голем број билети коишто не се искористени оваа година, како и голем број ваучери“, велат од Montenegro Airlines.

Поради тоа во овој момент не може да се процени вкупната вредност на отштетата на патници кои не можат да ги искористат авио билетите, а компанијата на своите сметки кај деловните банки нема средства за да им ги врати парите на патниците.

Фото: Facebook