Montenegro Airlines поради коронавирусот изгуби повеќе од 15 милиони евра

36

Црногорскиот авиопревозник, Montenegro Airlines поради пандемијата предизвикана од коронавирусот трпи милионски загуби, пишува Café del Montenegro.

“Во овој момент не е можно да се даде прецизен податок колкави се загубите на Montenegro Airlines предизвикани од пандемијата бидејќи таа сè уште трае, воедно не се сублимирани трошоците направени во тримесечниот целосен прекин на комерцијалниот сообраќај. Се работи за милионски износи, а како параметар може да се земе фактот дека во однос на претходната година, приходите на авиопревозникот за период од јануари до јуни оваа година се помали за 15.110.063,43 евра“, велат од црногорскиот авиопревозник.

Оваа година се остварени 84 лета и се превезени 4.432 патника, а во истиот период лани беа реализирани 515 летови и превезени 43.577 патници.

Фото: Facebook