Moon Village – концепт за првата населба на Месечината

22

Компанијата Skidmore, Owings & Merrill LLP (SOM) претстави дизајн за првата населба што самостојно ќе функционира на Месечината. Проектот е во соработка со Европската вселенска агенција (ESA) и Институтот MIT, а наречен е Moon Village.

Концептот се состои од модули на надувување во коишто може да се живее и работи, но истите ќе послужат и за истражување на можноста за живот на други планети, освен Земјата.

За изградба на населбата е одбрано местото Шаклтон, кратер во близина на Јужниот пол од причина што добива сончева светлина речиси преку целата година. Замислата на тимот е населбата да генерира храна и останати работи потребни за живот.

Воздухот ќе се креира од вода екстрахирана од собраниот мраз и вода во кратерот, а исто така, ќе треба да се решат проблеми како заштита од радијација, прилагодување на притисокот и слично.