Мора да плати 1.000 евра бидејќи украл песок од плажа

194

Турист од Франција мора да плати казна од 1.000 евра бидејќи се обидел да ја напушти Сардинија со околу два килограми од локалниот песок во неговиот багаж, пишува CNN.

Уникатниот бел песок на италијанскиот остров е заштитен, а туристи се соочуваат со парични и затворски казни, поради негово отстранување од локалните плажи.

Во последните 10 години се запленети околу 10 тони песок, а на годишно ниво службениците на аеродромот запленуваат околу два тона украден песок.

Фото: Freepik