Може ли да претпоставите како би изгледал еден обичен ден за 10 години?

93

Иако никој не може со прецизност да ја предвиди иднината, имајќи го предвид брзиот технолошки развој може само да претпоставиме како ќе изгледа нашето секојдневие за 10-тина години.

Според порталот Observer, обичниот работен ден би изгледал од прилика вака…

Сè уште не сте станале од кревет во својот паметен стан, а сензорот на вашиот био чип веќе испратил информации до кујнските уреди да почнат да го подготуваат појадокот. Додека тоа е во тек, вашиот личен асистент ви го диктира распоредот на обврските за денот што претстои.

Додека појадувате, добивате порака од вашиот автономен автомобил дека ве чека за да ве однесе на посакуваното одредиште.

Во сообраќајот што се одвива со математичка прецизност воопшто нема метеж, па за кратко време сте на летот за Токио со Space X. Додека трае летот, имате холограмска консултација со колегите. Целиот деловен состанок ви е претходно подготвен со помош на квантни компјутери што брзо ги процесираат сите неопходни податоци.

Деловното окружување на иднината ќе ги изгледа целосно различно од она што го имаме денес, а веќе предвидувањата се дека до 2030-та година “номадските“ фриленсери претставуваат 50% од вкупната глобална работна сила.

Фото: Pexels