Може ли скратеното работно време да ги спаси компаниите од криза?

27

Во Германија во ноември, првпат после неколку месеци, повторно порасна бројот на компании чии вработени работат со скратено работно време. Уделот на компаниите што применуваат скратено работно време порасна на 28% овој месец од 24,8% проценти во октомври, се наведува во соопштението на Економскиот институт ИФО, пренесува Танјуг.

Меѓу хотелите тој удел пораснал од 62,9% на 91%, во угостителството од 53,4% на 71,7%, а меѓу туристичките агенции и туроператори од 88 на 91,1%.

Се проценува дека скратеното работно време е регистрирано во скоро сите главни економски сектори. Во услужниот сектор, уделот на компании со скратено работно време порасна од 24 на 30,6%, во трговија од 18,8 на 20,7%, а во градежништвото од 7,4 на 9%. Само во преработувачката индустрија е забележан благ пад од 31,9 на 30,5%.

Фото: Freepik