Можно спојување – Комерцијална банка длабински ќе го анализа целокупното работење на Стопанска банка АД Битола

67

Комерцијална банка АД Скопје преку Македонската берза извести за следната ценовно чувствителна информација:

Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста дека Надзорниот одбор на Банката на 25.04.2024 година донесе Одлука за спроведување постапка на длабинска анализа на целокупното работење на Стопанска банка АД Битола со цел да се дефинира намера за присоединување на Стопанска банка АД Битола кон Комерцијална банка АД Скопје.

По завршување на постапката на длабинска анализа, Комерцијална банка АД Скопје ќе донесе одлука дали да продолжи постапката со изразување на намера за склучување на трансакцијата на присоединување, за што јавноста ќе биде известена.